ВИДЕО: Неверојатниот Вембањама со шут во последната секунда донесе победа за Сан Антонио

Кошот на Виктор Вембањама во последната секунда им помогна на Сан Антонио Спарс да ги победат Фeникс Санс со 101-100 изминатава ноќ во НБА лигата, обезбедувајќи го своето прво учество во плејофот од сезоната 2018/19.

Во драматичен финиш во „Фрост Бенк Центар“, заостанувајќи со еден поен, Вембањама ја прими топката, и по еден дриблинг, шутираше над Осо Игодар и од работ на рекетот на 1,1 секунда пред крајот погоди, што предизвика огромна прослава на теренот.

Погледнете го победничкиот шут ТУКА.

Вембањама го заврши натпреварот со 34 поени и 12 скока, 10 од 20 шутеви од поле и три украдени топки. По натпреварот, неговиот соиграч Келдон Џонсон го предводеше остатокот од тимот и навивачите во салата во скандирање „М-В-П“.

Се вчитува...