Куманово триумфираше против Работнички со 85-83 во деветтото коло од Првата македонска кошаркарска лига, во крајно драматичен меч со трилер завршница, во која херој на домашните беше ветеранот Урош Луковиќ.
Луковиќ во последната секунда постигна неверојатна тројка со која ја донесе победата за Куманово.кој во завршните секунди даде луда тројка.
А, Работнички беше пред победа, Стојан Ѓуровски на три секунди до крај при резултат 82-83 промаши две слободни фрлања. Одбиената топка заврши кај Урош Луковиќ кој погоди неверојатно од половина терен за победа на домашниот тим.
Најефикасен на мечот беше Александар Радукиќ со 31 поен, додека Луковиќ имаше „дабл-дабл“ ефект од 20 поени и 15 скока. Дубински со 21 поен и Капетановиќ со 18 поени се издвоија кај Работнички.
Кошаркарите на Кожув, пак, максимално ја оправдаа улогата на фаворит и со 86-73 триумфираа против Феникс.
Гевгеличани уште на самиот старт од мечот јасно најавија дека нема да дозволат никакво изненадување, па првата четвртина ја добија со 27-15. Во продолжението Кожув имаше водство и од цели 18 поени, јасно потврдувајќи го квалитетот во однос на противникот, на крајот за убедлива победа.
Стевановиќ постигна 22 поени, а Пилепиќ мечот го заврши со 18 постигнати поени. Младиот Колев заврши со 12 поени, 8 скока и 6 асистенции.Митревски и Марфи кај Феникс имаа по 13 поени, а Шепард дополни со 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА