Српскиот кошаркар Никола Јокиќ доби нова рап песна која експресно се прошири на социјалните мрежи, станувајќи вистински хит.
Песната, со наслов „Сомбор Шафлин“ е дело на американскиот музичар и диџеј Макулејт, кој ја посвети на трикратниот МВП на НБА. Во спотот за песната се вклучени анимации инспирирани од српската традиција и важни моменти од кариерата на Јокиќ…
„Во последните пет недели работев на рап-песна за Јокиќ, затоа што знам дека го заслужува тоа“ – истакна авторот на песната во која се слави извонредноста на српскиот центар.
„Ова е Големиот Џокер, директно од Сомборската рамнина, трикратен МВП, иако сите се обидуваат да го скротат моето владеење. Требаше да имам четири, но тие му ја дадоа круната на Џо. Молчам, излегувам на теренот и го затворам. Јас сум несебичниот крал, ме нарекуваат машина за асистенции. Нижам трипл-дабл, носам среќа за двајца“ – се вели во дел од текстот на песната за Никола Јокиќ.
Nikola Jokic would never make his own rap song, so over the last 5 weeks, I did it for him. I present to you: Sombor Shufflin. Featuring the amazing work of @alecgwin all animated by me. The best player of all time got a shoe and a book this month and now he has an anthem. pic.twitter.com/zhlHkywa0n
— Maculate🌹 (@DJMaculate) December 9, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА