Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски несомнено беше еден од хероите на националниот тим во ремито (27-27) со Унгарија на дебито на Светското првенство 2025.
Митревски запиша извонредни 14 одбрани, кои и тоа како беа значајни за одличното издание на избраниците на Кирил Лазаров.
Една од нив, пак, се најде и меѓу најдобрите од вчерашниот ден во изборот на ИХФ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

