ВИДЕО: Новак прво ја изнасмеа публиката, а потоа расплака една навивачка на трибините – „Замолкни, да му е.ам…“

Бурно беше на теренот во Мелбурн на првиот натпревар на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен.

Ѓоковиќ потешко од очекувањата по четири часа игра во четири сета го победи 18-годишниот Хрват, Дино Прижмиќ, па мечот носеше и смеење и тензии.

Најпрво, Новак ја изнасмеа публиката во еден момент кога се слушна телефон од трибините… Па, Ѓоковиќ дофрли:

„Нема ли да се јавиш?“.

А, во тај-брејкот во вториот сет, кој Ѓоковиќ го загуби, очигледна беше нервозата кај српскиот тенисер кој во еден момент се нафрли кон трибините:

„Замолкни, да му е.ам…“

А, потоа камерите покажаа една гледачка како е расплакана на трибините.

Се вчитува...