Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски и неговот Игдир му одржаа лекција на лидерот во втората турска игра, екипата на Кочаелиспор триумфирајќи со убедливи 4-0 во претпоследното коло од шампионатот.
Игдир, на тој начин, остана на седмото место на табелата кое води во разигрувањето за пласман во елитната домашна конкуренција.
Аврамовски беше стрелец на првиот гол за својот тим уште во 8. минута од средбата, постигнувајќи го својот 13-ти погодок сезонава во турската втора лига. Настапи до 77. минута на натпреварот кога на неговото место во игра влезе Чолак…
𝘿𝙖𝙣𝙞𝙚𝙡 𝘼𝙫𝙧𝙖𝙢𝙤𝙫𝙨𝙠𝙞⚡️ pic.twitter.com/tnGojdW3bs
— Alagöz Holding Iğdır Futbol Kulübü (@igdirFK) May 4, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

