Младинскиот тим на АП Брера за фудбалери до 19 години се пласираше во четвртфиналето на „Купот на пријателството 2024“ кој се игра во Златибор, Србија, откако на денешниот втор натпревар во групната фаза славеше против сараевски Железничар со 3-1.
Живко Крстев, нешто слично како и на дуелот против Партизан, повторно беше во фокусот и на денешниот натпревар постигнувајќи два погодоци, од кои еден повторно беше вистинско ремек-дело.
Крстев погоди со волеј удар во 41. минута, за водство од 2-1 на АП Брера во тие моменти.
Третиот гол за струмичани го постигна Андоновски во финишот од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА