ВИДЕО: Одлична асистенција за Барди во голеадата на Трабзон со Ризеспор

Македонскиот репрезентативец Енис Барди одигра одличен натпревар за Трабзонспор во 3. коло од првенството на Турција.

Барди го одигра целиот натпревар, партиципираше и со одлична асистенција за својот тим, но Трабзонспор загуби на домашен терен од Ризеспор со 2-3.

Македонскиот фудбалер во 82. минута од средбата мајсторски асистираше на турскиот репрезентативец Дестан за намалување на водството на гостите на 2-3.

До крајот Трабзон имаше неколку можности и за израмнување на резултатот, но не успеа во тоа.

Се вчитува...