Огромна несреќа се случи на велосипедиската трка „Тур де Бретања“ во Франција која била предизвикана од локален фармер.
Неколку мминути пред велосипедистите со огромна брзина да се спуштат на дел од патеката на која дојде до несреќата, фармер со возило расфрлил блато. Тоа скапо ги чинеше велосипедистите од кои дури пет завршиле во болница со посериозни повреди.
„Возевме низ тесна патека покрај која беше ораница, а спомнатиот фармер дел од земјата расфрлал по патот. Имаше три до четири сантиметри блато кое ја предизвика несреќата“ – истакна директорот на трката.
Pour ça pic.twitter.com/Mz2IbgdAyB
— leboucher anatole (@leboucheranato1) April 30, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

