ВИДЕО: Охридското дерби заврши со инцидент – Од Охрид револтирани од пеналот за Воска во 95. минута!

Охридската дерби пресметка од 17. коло во Втората лига – Запад меѓу Воска спорт и Охрид заврши со триумф на Воска од 1-0 благодарение на голот од пенал на Емини во 95. минута.

Токму тоа беше причина за огромен револт во таборот на Охрид од каде сметаа дека е неправедно досуден пеналот за победа на Воска во последните секунди од мечот. Сето тоа доведе до вербални пресметка и меѓу фудбалерите на двата тима, но и револт кон судиите на натпреварот кои со придружба на полицијата мораа да го напуштат теренот на „Билјанини извори“…


Се вчитува...