Шкендија не успеа да го однесе целиот плен од гостувањето против Македонија ЃП во 26. коло од Првата македонска фудбалска лига, на крај ремизирајќи 1-1 во Ѓорче Петров.
А, еден од најзаслужните за бодот на „лавовите“ е одличниот голман Христијан Стевковски.
Стевковски денеска беше вистински „октопод“ на голот на Македонија ЃП. Имаше повеќе одбрани за издвојување во текот на мечот, но дефинитивно се издвојува онаа во која со три феноменални одбрани во една иста акција, ја спречи Шкендија и по четири обиди (од кои два завршија и во гредата), да постигне гол за победа…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА