Видео: Ова е нокаутот на годината, противникот падна како покосен од еден удар

Виетнамскиот борец Џуц Ман Лу го изведе еден од најдобрите нокаути оваа година откако во голем стил триумфираше на борбта на турнирот „God of Martial Arts“ што се одржуваше во неговата татковина.

Подебелиот крај го извлече неговиот сонародник Кпа Туан, кој долго ќе ја памети оваа борба во која беше брутално нокаутиран.

Ман Лу изведе совршен „хај-кик“, по кој противникот падна како покосен, а Туан по лекарската помош во октагонот, на крајот на носилки беше изнесен од него и беше пренесен во болница.

Се вчитува...