ВИДЕО: Овации за легендата – Енди Мареј се расплака на збогувањето од Вимблдон!

Австралијците Ринки Хиџиката и Џон Пирс ги победија Енди и Џејми Мареј со 7-6 и 6-1 во првото коло во двојки, на тој начин исфрлувајќи ги Британците уште на стартот на Вимблдон.

Но, главната вест не е победата на Австралијците, но секако збогувањето на 37-годишниот Енди Мареј од Вимблдон, на кој славеше двапати во индивидуална конкуренција.

За Мареј ова беше последен настап на домашниот турнир затоа што оваа година планира завршување на својата кариера во која освои 46 турнири, од кои три грандслема.

Организаторите пуштија компилација од најдобрите моменти на Мареј во кариерата, но и изјави од Ѓоковиќ, Федерер и Надал, како и од тенисерката Венус Вилијамс кои не штедеа зборови восхит за Британецот, па Енди не можеше да ги сокрие и солзите.

„Ова ми се чини како добар крај. Не знам дали го заслужувам ова или не, но ова е прекрасно. Благодарам Вимблдон“ – рече Мареј, чие збогување го следеа и неговите родители Џуди и Вил, како и сопругата Км и двете ќерки.

„Тешко е затоа што сакам да продолжам да играм, но не можам. Физички е претешко. Сакам да играм засекогаш, го сакам овој спорт, но…“ – порача Мареј за кого последен настап би можел да бида во Париз на Летните олимписки игри 2024.

Се вчитува...