Видео: Озил нападнат со ножеви среде Лондон, Колашинац го бранеше со голи раце

Шокантни сцени доаѓаат од Лондон откако Месут Озил бил нападнат од две лица, кои извадиле ножеви и се обиделе да го ограбат германскиот интернационалец во дресот на Арсенал. Ограбувачите со скутери го следеле возилото на Озил, а штом Германецот застанал тие ги извадиле ножевите во обид да го ограбат.

За негова среќа, за совозач го имал тимскиот соиграч Сеад Колашинац, кој бил вистински херој спречувајќи ситуацијата да излезе од контрола. Босанскиот бек со голи раце тргнал да се пресметува со криминалците, кои побегнале пред него.

„Можеме да потврдиме дека Сеад Колашинац и Месут Озил беа вклучени во инцидент во текот на денешниот ден. Контактиравме со двајцата фудбалери, кои се неповредени“ – објави Арсенал.

Се вчитува...