Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев по само 11 минути игра можеше да ја донесе Џенова до водство од 1-0 во 25. коло од Серија А против „својот“ Интер.
На дуелот кој во моментов се игра во Џенова, Пандев во 11. минута нафрлувајќи пред голот на „нераѕурите“ од околу 40 метри за малку ќе го „шокираше“ голманот на гостите Хандановиќ. Топката пред голот на Интер незгодно отскокнувајќи го изненади Хандановиќ но заврши само во гредата…
Goran Pandev ??? #GenoaInter pic.twitter.com/faOvbh7YSy
— Scot Munroe (@scot_munroe) February 17, 2018
Претходно, во 8. минута, Пандев кој е во центарот на вниманието во досегашниот дел од мечoт можеше да постигне гол од близина но неговиот шут го одбрани Хандановиќ.
На полувремето Џенова води, сепак, со 1-0 против Интер со помалку неверојатниот автогол на Ранокиа во 45. минута…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА