Силекс славеше победа од 0-1 на гостувањето против Македонија ЃП во 31. коло од Првата македонска фудбалска лига со што си ги задржа шансите во битката за европски излез следната сезона.
Кратовци беа понадмоќни на дуелот сосема заслужено стигнувајќи до победата.
Стрелец на единствениот гол за три бода беше Александар Пановски кој директно од слободен удар од околу 35 метри успеа да го изненади домашниот голман, младиот Боби Целески…
Силекс по 31 натпревар, на пет кола до крајот, има 42 бода, седум помалку од третопласираниот Работнички, а три помалку од четвртопласираниот Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА