ВИДЕО: Пародијата на „Филип Втори“… „Вардарци“ застанаа, судиите си „заспаа“, „пелистерци“ си славеа во 91. минута!

Некогаш важеше за дерби пресметката на најлутите домашни фудбалски ривали… Некогаш! А, денеска пародија од натпревар на „Филип Втори“ на кој убаво си се избламираа сите чинители на фудбалската игра, пред се „вардарци“ кои распродаваат се живо пролетва – и игра, и чест, и достоинство и црвено-црн дрес!

Па на Пелистер, кој се бори грчевито за опстанок до последен момент, и тоа како добредојдени му се трите бода… Освоени во 91. минута во акцијата во која „вардарци“ сите во одбраната онака убаво си застанаа, судиите можеби и си „подзаспаа“, а „пелистерци“ си се радуваа… Се поминува во македонскиот фудбал! Па, зошто не и ова!

Се вчитува...