Барселона славеше во Белград на гостувањето против Црвена Звезда со 79-89 во Евролигата, а еден од најзаслужните беше поранешниот кошаркар на Партизан, Кевин Пантер.
Пантер го заврши натпреварот со 14 поени и шест асистенции, но не славеше по средбата. Поранешниот капитен на црно-белите беше изложен на навреди од трибините во текот на целиот натпревар, а на крајот подлегна на притисокот.
Додека го напушташе паркетот, по нова провокација од трибините, им покажа среден прст на поединци од навивачите на Црвена Звезда.
По мечот и самиот го искоментира тоа, нагласувајќи дека бил испровоциран.
„Луѓето постојано скандираа против мене, а ми кажуваат некои луди работи. Се што гледате е дека покажав среден прст, но не слушате што ми викаат. Знаете што ми кажаа, сите го знаат тоа. Не морам да го кажувам тоа пред камера“, рече Пантер.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

