ВИДЕО: Пелистер со гол во последните секунди до победа над Вардар и трофеј во Супер-Купот

Ракометарите на Пелистер се освојувачи на Супер-Куп трофејот откако во драматична завршница и во последниот напад, го совлада тимот на Вардар со 28-27.

Херој на тимот од Битола е Хосни, кој по една супер акција погоди во мрежата на скопските „црвено-црни“ и донесе победа. Вардар негодуваше и бараше пенал по случувањата на центарот откако ја изведоа топката по примениот гол.

Меѓутоа на крајот арбитрите одлучија дека нема ништо, по што почна големото славје на Пелистер.

Хосни беше најефикасен кај Пелистер со 10 голови и воопшто на натпреварот. Кај Вардар најефикасен беше Харуки Кавада со шест голови.

Се вчитува...