Пелистер ќе има можност да го брани трофејот во Купот на Македонија во реприза на минатогодишното финале против Шкендија, откако по пенал-рулетот беше подобар од Академија Пандев во Турново.
Патникот во финалето беше одреден дури по седум серии во пенал-рулетот, откако Академија Пандев промаши дури пет пенали, а Пелистер – четири. На крајот, сепак, „пелистерци“ славеа со 2-3.
Уште на самиот старт, Илче Петровски го одбрани ударот на Балдовалиев, а и Борче Маневски не погоди, откако неговиот шут заврши во гредата. Атанасов и Трифуновски беа многу посигурни во втората серија. Чешмеџиев беше сигурен за „пандевци“, а Стефан Истатов го одбрани ударот на Благојче Марковски. Но, и Илче Петровски го одбрани ударот на Димов. Сепак, и капитенот на Пелистер, Гоце Тодоровски не реализира од белата точка. Истото му се склучи и на Марио Крстовски, а Коњарски погоди за 2-2, со што завршија петтата серија пенали. Драмата продолжи… Илче Петровски го одбрани и ударот на Љупчо Дориев, а ниту Христијан Драгарски не го одведе Пелистер во финалето. Одбрани и Стефан Истатов. Петровски по ова го одбрани и шутот на Давид Атанаскоски, а Ристе Маркоски конечно го трасираше патот на „пелистерци“ кон новото финале со Шкендија (2-3).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА