Силекс и Детонит Плачковица се последните четвртфиналисти во Купот на Македонија, откако по пенал-рулетот славеа против Шкупи односно Пелистер, приклучувајќи им се на Вардар, Шкендија, Гостивар, Арсими, Струга ТЛ и Брера.
Силекс се пласираше во четвртфиналето во Купот на Македонија откако по пенал-рулетот со 4-3 беше подобар од Шкупи. Во регуларните 90 минути, осминафиналната пресметка во Кратово заврши без голови.
А, во пенал-серијата потоа Имери во втората и Диене во трета серија промашија за Шкупи. Ангелески беше стрелец на последниот пенал за Силекс за триумф од 4-3.
Пенал-рулетот одлучуваше и во Битола, каде Пелистер загуби со 1-4 од Детонит Плачковица кој приреди вистинско изненадување со пласманот во четвртфиналето од Купот.
Во регуларниот дел, мечот заврши без предност (1-1) за ниту една од екипите. Масевски во 76. минута ги донесе домашните до водство, но Лука Трајкоски во 89. минута донесе израмнување за Детонит, а потоа низ пенал-рулетот и огромна радост за радовишани.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО 1-0
Адеми 73′
Скопје: ВАРДАР – ТИКВЕШ 2-0
Дианеси 75′, 90’+3
Струмица: АП БРЕРА – БЕСА 2-0
Миловановиќ 84′, Мато 90’+3
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ 0-0 (пенали: 4-3)
Скопје: ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА 1-0
Хаџи-Кимов 62′
Гостивар: АРСИМИ – ВОСКА СПОРТ 3-1
Авдили 22′, Зеќири 71′, Рамадани 90’+2 – Ларсон Томас 5′
Битола: ПЕЛИСТЕР – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 1-1 (пенали: 1-4)
Масевски 76′- Трајкоски 89′
Струга: СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-0
Таири 25′, Кехинде 90’+5
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА