ВИДЕО: Перо Антиќ со овации и воодушевување пречекан од преполната „Улкер арена“ во Истанбул

Најголемото македонско кошаркарко име Перо Антиќ со овации и воодушевување синоќа беше пречекан од преполната „Улкер Арена“ во Истанбул на натпреварот меѓу Фенербахче и Панатинаикос.

Антиќ, се врати на „местото на злосторот“ да го следи својот некогашен клуб Фенербахче со кого во 2017 година стигна и до трофејот во Евролигата. И фановите на Фенер со овации го поздравија, како што нагласуваат „македонскиот кошаркарски цар“, уште еднаш, на тој начин, заблагодарувајќи се за целиот придонесе за освоената титула од пред осум години.

„Фановите на Фенербахче не забораваат кој е македонскиот цар… Фановите не забораваат кој со срце играше за клубот и беше еден од клучните за освојување на европската шампионска титула во 2017 година. Перо е кралот. Добредојде кралу назад во Истанбул“ – се дел од коментарите на социјалните мрежи за враќањето на Антиќ во „УЛКЕР Арената“ во Истанбул.

Се вчитува...