ВИДЕО: „Петардата“ од Шкендија за Силекс, супер-гол на младиот Шефити

Шкендија славеше повеќе од убедлива победа од 5-0 против Силекс во 15. коло од Првата македонска фудбалска лига за дополнително зацврстување на врвот од табелата.

„Петардата“ за кратовци беше најавена со два гола за само неколку минути во првото полувреме. Резултатот го отвори Валмир Нафиу, а потоа стрелаше и Изаир Емини….

Во вториот дел, во 64. минута Емини го постигна својот втор гол за водство од 3-0, а потоа следеше убавиот погодок на младиот Шефити со шут од 25 метри во 69. минута. На крајот конечните 5-0 ги постави Самир Фазли со погодокот во 87. минута….

Се вчитува...