Шкупи и Шкендија ремизираа (1-1) во 30. коло од Првата македонска фудбалска лига на Чаир.
Низ главно израмнет натпревар, двете екипи искористија по една своја можност на крајот за поделба на бодовите. Сосема очекувано, Шкендија веќе главно своите мисли ги насочува кон финалето од Купот на Македонија, додека Шкупи веќе во голема мера си го обезбеди опстанокот во прволигашкото друштво.
Први до водство на вчерашниот дуел дојдоа гостите со голот на Ферхан Хасани во 18. минута, а Шкупи израмни со погодокот на Бунјамин Шабани во 65. минута…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА