ВИДЕО: Погледнете ја драмата во Битола и одлучувачкиот напад по кој Пелистер славеше над МЗТ

Фото: kkpelister.mk

Пелистер славеше триумф над МЗТ во драматичен меч во 2. коло од најелитната лига на Македонија. На крајот беше 68-67, благодарение на последниот напад кој беше реализиран.

Антоан ја прими топката и се „прошета“ низ одбраната на шампионот, и успеа да реализира.

Четири секунди до крај и МЗТ имаше напад, но Слај не успеа да погоди, па така победата остана во Битола.

Еве како изгледаа последните мигови од мечот во кој Пелистер го совлада првакот.

Се вчитува...