ВИДЕО: Погледнете ја магијата на Столе Национале – Неверојатните одбрани кои ја замрзнаа Белгија!

Македонија со беспрекорна одбрана остана непоразена на гостувањето против Белгија во Гент задржувајќи ги и натаму шансите за првото место во групата во квалификациите за СП 2026, и покрај тоа што тоа ќе зависи и од исходот на другите средби во групата поради мечот помалку досега за Белгија и за Велс.

А, еден од најзаслужните за ремито во Гент секако е чуварот на македонската мрежа Столе Димитриевски кој беше беспрекорен на голот.

Белгијците имаа вкупно 25 обиди кон македонскиот гол во текот на натпреварот, иако мора да се призна мал број од нив во рамките на нашиот гол. Но Столе запиша токму пет извонредни одбрани кои ја спасија македонската мрежа… Одбрани кои и тоа како вреди да се погледнат…

Се вчитува...