ВИДЕО: Погледнете каков „фантомски“ гол падна во Хрватска

На мечот во хрватското првенство помеѓу Истра и Вараждин кој заврши со победа на домашениот тим од 2-1, се случи несекојдневен гол.

Радошевиќ ја имаше топката, шутна по земја, но одеднаш таа отскокна пред голманот Зеленика, и заврши во мрежата. Нерамниот терен беше виновникот за овој „фантомски“ гол.

Навивачите во шега истакнаа дека голот го постигнал крт кој излегол од земјата во моментот на шутот на Радошевиќ.

Погледнете го овој смешен гол низ видео:

Се вчитува...