Видео: Половина век од рекордот што никогаш нема да биде урнат

Меси и Роналдо се борат за светскиот трон, но за многумина само еден може да биде најдобар фудбалер на сите времиња – Бразилецот Пеле.

А токму денеска се одбележува половина век од рекордот на овој голем ас, остварување кое се уште е недостижно за сите фудбалски „смртници“. Имено, на 19 ноември 1969 година тој на култниот стадион „Маракана“ го постигна својот јубилеен 1.000 погодок во кариерата.

И датумот е крајно симболичен, Пеле стигна до „илјадарката“ токму на роденденот на својата мајка Марија Селесте Арантес.

Јубилејниот гол беше постигнат од пенал, а веднаш по него следеше прекин од неколку минути бидејќи на теренот влетаа новинари и навивачи, кои на раце го кренаа својот миленик. Потоа мечот продолжи, но голем дел од публиката го напушти теренот бидејќи она најважното се случи, историјата беше испишана, а Пеле како „сувенир“ доби и дрес со број 1.000.

Се вчитува...