Абердин дојде до нова победа во 4. коло од шкотската Премиерлига, славејќи со 0-1 на гостувањето против Ст. Џонсон.
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски одигра нов квалитетен натпревар, на кој и на трет едноподруго меч успева да ја затресе противничката мрежа. Абердин триумфираше со еврогол од 30 метри, директно од слободен удар, на Кларксон кој вреди да се погледне.
Миовски, пак, со глава погоди и на денешното гостување со Ст. Џонсон, но овој пат неговиот гол беше поништен поради наводна офсајд ситуација. Навивачите на Абердин, но и добар дел од фудбалските аналитичари на Островот низ анализите на мечот, тврдат дека е поништен чист погодок на македонскиот фудбал. Дали имаше или не регуларен гол проценете сами!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

