Поништен ли е регуларен гол за Тиквеш во шестата минута од судиското продолжение на дуелот против Вардар во 6. коло од ПМФЛ кој значеше и бод за кавадарчани?
По изведениот слободен удар од левата страна, кавадарчани во мешаницата постигнаа гол но помошниот судија сигнализираше офсајд позиција на Рибеиро кој беше на самата гол-линија пред голот на Вардар.
Сето тоа наиде на револт кај домашните фудбалери, но и публиката во Кавадарци. Низ сето тоа несогласување, очигледно помошниот судија беше погоден со тврд предмет од трибините поради што главниот судија Александар Ставрев се одлучи една минута порано да отсвири крај на мечот и да ги повика своите помошници кон соблекувалните…
Останува до крај нејасна ситуација, која секако ќе биде анализирана од Судиската комисија при ФФМ. Дали е поништен регуларен гол на Тиквеш? Имаше ли офсајд позиција? Од Рибеиро сигурно не…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА