ВИДЕО: Поништен регуларен гол на Македонија во 93. минута за реми во Кишињев!?

Младата репрезентација на Македонија загуби со 2-1 на гостувањето против Молдавија во третиот свој натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2025.

Составот на Драган Канатларовски статистички беше далеку подобар од домашните, но не успеа да дојде до посакуваната победа против една од најслабите две селекции во квалификациската група.

Македонија од 52. минута имаше и играч повеќе по исклучувањето на Дану но и тоа не помогна за бодови од Кишињев. Сепак, остана горчината кај македонските репрезентативци по, се чини, неоправдано поништениот погодок на Абази во 93. минута за реми против Молдавците.

Во акцијата во 93. минута најпрво Максимов одлично шутираше откосо но домашниот голман одбрана, а по волејот на Тодоровски, Абази пред голот на Молдавија ја протна топката во мрежата на голманот Додон. Но, погодокот веднаш беше поништен поради наводна офсајд-позиција на Абази.

Но, ситуацијата и тоа како е сомнителна. Повторените видео-снимки покажуваат дека Абази, сепак, се чини, не бил во недозволена позиција…

Се вчитува...