ВИДЕО: Понижена последната девојка на Марадона – не и беше дозволено до ковчегот на легендата

Илијадници Аргентинци денеска во Буенос Аирес одлучија со часови да чекаат пред претседателската палата, како беше изложен ковчегот со телото на Марадона, и последен пат да се збогуваат од фудбалската легенда.

Семејството на Марадона можеше да влезе во палатата кога сака, во било кој момент. Но, не и неговата последна девојка Рочио Олива која се најде во центарот на скандал.

Таа информираше дека не и било дозволено да влезе во палатата и морала со часови да седи пред зградата со останатите Аргентинци, нешто кое го наредила поранешната сопруга на Марадона.

„Чекав понижена пред палатата во ред. Сите поминуваа, но не и јас. Тоа е навистина срамота. Дојдов последен пат да се збогивам со мојот поранешен партнер, бев негова последна девојка, но тоа никој не го разбира. Знам дека неговата сопруга сето тоа намерно го прави“ – истакна Олива.

Набрзо се појави и видео-снимка кое го потврди нејзиното чекање пред претседателската палата далеку од најблиските на Марадона.

 

Се вчитува...