ВИДЕО: Порака за ракометарите – Песна и поддршка и по убедливиот пораз, како мотив за предизвиците кои следат!

Македонските навивачи во Краков се повеќе од свесни дека репрезентацијата на Норвешка беше преголем залак за младите македонски ракометари на стартот од Светското првенство 2023. Токму затоа и не изненадува почетниот пораз, иако објективно, барем според играта, и резултатот е превисок во корист на Норвежаните.

Боли сигурно пораз од 12 гола разлика, но и тоа како за македонските ракометари радува поддршката која ја добиваат од македонската „Фаланга“. И долго по крајот на синоќешниот натпревар со Норвешка, „Фалангата“ остана во „Таурон арена“ со песна и поддршка за македонските ракометари.

На тој начин испраќајќи и порака до репрезентативците дека и во пораз секогаш се тука, во желбата максимално мотивирано да се одигра шампионатот во Полска. Затоа што, атакот на барем една победа која ќе не однесе во главната мундијалска фаза, останува цел на Кире Лазаров и неговите избраници…

Се вчитува...