ВИДЕО: Поранешна НБА ѕвезда во застрашувачка состојба – Се изгуби, помош повеќе нема

Поранешната НБА ѕвезда, Делонте Вест одамна изгуби сè што имаше и заврши на улица. Тој дури и не ја искористи помошта што ја доби и повторно е бездомник. Сега е забележан на улиците на Вашингтон.

Делонте Вест има богата НБА кариера зад себе. Заработил десетици милиони долари, но неговиот живот тргнал во погрешна насока и ги изгубил парите одамна. Пред неколку години, Вест завршил на улица. Кога неговите поранешни соиграчи и поранешниот сопственик на Далас Маверикс, Марк Кјубан, го виделе во Тексас, решиле да помогнат и Делонте бил сместен во засолниште во Флорида.

Сепак, повлекувањето од дрога и алкохол не било нешто што го сакал. Набрзо го напуштил третманот, тргнал по својот пат и повторно завршил на улица. Бел апсен неколку пати за нарушување на јавниот ред и мир, а по неколку месеци повторно бил забележан на улиците на Вашингтон.

По талкањето низ САД, 42-годишникот успеал да го пронајде својот роден град, но работите не се промениле. Сè уште Вест е во очајна состојба.

Најновите видео-снимки кои се појавија зборуваат повеќе од доволно. Вест е очигледно под дејство на наркотици и во друштво од кое не може да има многу корист.

За жал, неговиот живот е уништен и се чини дека нема враќање назад. Ги пропушти сите шанси, иако на почетокот беше свесен дека брза кон дното.

„Имам ментални проблеми. Ја губам меморијата, понекогаш заборавам дека дури и сум играл кошарка. Имам деца, чекам нова работа. Луѓето можат да ми помогнат колку што можат, но како човек морам да се грижам за моите деца“, рече Вест во една прилика и истакна дека моли за да преживее тежок период.

Сепак, децата се далеку од него. Тој повеќе не ги гледа и е целосно надвор од колосек.

Делонте Вест заработи околу 16 милиони долари за време на неговата НБА кариера. Играше за Бостон Селтикс, Сиетл Суперсоникс, Кливленд Кавалирс и Далас Маверикс. Кратко играше во Кина за Фуџијан Сјунсинг и Шангај Шаркс, но по враќањето во САД во 2015 година, неговиот живот тргна надолу и од НБА ѕвезда стана просјак и бездомник.

Во текот на осум години играње во најсилната лига во светот, Вест постигнуваше просек од 9,7 поени, имаше 3,6 асистенции и 2,9 скока по натпревар.

Се вчитува...