Хеликоптерот на сопственикот на Лестер, Вишаи Шривадханапрабха, се урна вечерва во непосредна близина на стадионот на поранешниот првак на Англија.
Полицијата се уште нема официјален извештај околу идентитетот на жртвите, но првиот човек на клубот бил присутен на денешниот дуел со Вест хем, поради што се стравува дека тој речиси сигурно бил во хеликоптерот во моментот на несреќата.
Во меѓувреме, се појави и видео од последното полетување на хеликоптерот од центарот на игралиштето на стадионот, неполна минута пред страшната несреќа. Очевидци тврдат дека веднаш откако ја минал трибината хеликоптерот почнал да губи висина, по што во вертикален пад се урнал на паркингот за вработени во клубот, по што следела силна експлозија.
Here’s the Leicester City helicopter leaving the stadium after the game moments before it crashed in the club car park. Vid via BT Sport. #LUFC #LeicesterCity pic.twitter.com/lT1dS1pCEo
— Tyrone J Francis (@TJFrancisLive) October 27, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА