Реванш полуфиналниот натпревар од Купот на Македонија во Тетово меѓу Шкендија и Вардар е прекинат во 32. минута поради инцидент меѓу фудбалерите на двата тима, кој иницираше и влез на домашни навивачи на теренот на Градскиот стадион во Тетово.
По сосема мирни 30 минути, при една крајно банална ситуација при судир меѓу Цуцули и Глигоров дојде до комплетна тензија меѓу играчите на двата тима. Во таа ситуација дојде, сосема неочекувано, и до физичка пресметка меѓу капитените на двата тима Ферхан Хасани и Бобан Грнчаров…
По расчистувањето на ситуацијата, главниот судија Александар Ставрев сосема оправдано покажа директни црвени картони за Хасани и Грнчаров, а жолти картони за Цуцули и Глигоров. Но, токму овој инцидент меѓу фудбалерите предизвика од трибината каде се сместени навивачите на Шкендија, „Балистите“ да се спуштат на терен неколку лица… Веднаш потоа, главниот судија Ставрев покажа фудбалерите, пред се на Вардар, да се упатат кон соблекувалните…
Натпреварот се уште е во прекин, во очекување на одлуката на судијата Александар Ставрев дали мечот ќе продолжи…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА