Личноста на годината во македонскиот спорт од изминатата година, селекторот на младата репрезентација Благоја Милевски денеска го слави својот 46-ти роденден. Е, тоа не го заборавија неговите ХЕРОИ, како што често милува да ги нарекува…
Младите репрезентативци кои од денеска ги стартуваа подготовките за тоа што ги очекува во јуни на ЕП во Полска приредија роденденско изненадување за селекторот, а капитенот Ѓоко Зајков во името на сите фудбалери издвои и заеднички подарок за Милевски…
Е, тоа за денеска и прославата на роденденот. Од утре максималните активности продолжуваат, дополнети и со фудбалерите од младиот состав кои беа на располагање на сениорската селекција за дуелот со Лихтенштајн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА