ВИДЕО: Прекрасен гол на Мартин Ѓоргиевски за Збројовка Брно

Младински репрезентативец на Македонија, Мартин Ѓоргиевски само неколку денови по трансферот од АП Брера во чешката Збројовка Брно, веќе го постигна својот деби-гол во дресот на новиот клуб.

Ѓоргиевски постигна прекрасен погодок во триумфот на Збројовка Брно од 2-1 во 3. коло од Купот на Чешка против Теплице.

Македонскиот фудбалер погоди уште во 13. минута од натпреварот, со убав шут откосо, за водство од 1-0 на својот тим во тие моменти…

Се вчитува...