ВИДЕО: „Проектилот“ на Бејтулаи од 30 метри ја спаси Шкендија….

Шкендија и трет едноподруго натпревар во шампионатот не знае за победа. Овој пат „црвено-црните“ се спасуваа и од пораз од Ренова во самиот финиш на мечот во 9. коло од ПМФЛ.

А, спасителот на составот на Ќатип Османи е репрезентативецот Егзон Бејтулаи кој во 79. минута испрати вистински проектил од околу 30 метри за конечни 2-2. И тоа Бејтулаи од иста позиција во само 20 секунди се обиде двапати. Вториот пат успешен!

Претходно, Шкендија дојде до предност со голот на Бесарт Ибраими во 23. минута, а Влатко Стојановски со два гола само за две минути, во 53. минута од пенал и во 55. минута по грешката на домашната одбрана донесе пресврт од 1-2… Но, на крајот Бејтулаи спаси барем бод за Шкендија.

Се вчитува...