ВИДЕО: „Проектилот“ во Тирана кој го сруши Хајдук и ги остави 15-та година по ред без групна фаза во Европа!

Динамо Тирана, иако аутсајдер, приреди вистинско изненадување елиминирајќи го сплитски Хајдук во 3. квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА.

Динамо синоќа во Тирана по продолженија славеше со 3-1 против Хајдук, што беше доволно за пласман понатаму по поразот од 2-1 во Сплит.

Во регуларниот дел на мечот беше 1-0 за албанскиот тим, а во продолженијата откако Хајдук најпрво израмни на 1-1, потоа „проектилот“ на Кардаку од 25 метри во 109. минута беше тој кој дефинитивно ги „сруши“ сплиќаните….

Ова е 15-та година по ред како Хајдук не успева да обезбеди пласман во групната фаза на едно европско натпреварување.

Хајдук последен пат играше во Европа во сезоната 2010/11, кога ја победија Униреа со 4-1 во последното коло од квалификациите за Лигата на Европа и обезбедија пласман во групната фаза. Потоа во групата со Андерлехт, Зенит и АЕК, успеаја да ги победат Белгијците, а потоа забележаа пет порази.

Оттогаш, нивниот најголем дострел е плејофот од квалификациите.

Се вчитува...