Ливерпул славеше со 3-1 на пријателскиот меч што англискиот првак го одигра во Јапонија против тимот на Јокохама, дуел што ќе остане запаметен по првиот гол што Флоријан Вирц го постигна во дресот на „црвените“.
Екитике за првпат настапи во дресот на Ливерпул и ги одигра првите 45 минути кои завршија без голови. Возбудувањата почнаа во вториот дел кога Јокохама неочекувано прва дојде до водство, по што избраниците на Арне Слот се разбудија и влегоа во посакуваиот ритам.
Вирц беше стрелец на голот за израмнување, прв погодок на Германецот по мегатрансферот од Баер Леверкузен, за 2-1 погоди младиот Треј Ниони, а конечните 3-1 ги постави 16-годишниот Рио Нгумоха, кој серијата одличи игри во овој подготвителенн период ја круниса со прекрасен погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

