Најголемото засилување за Шкендија во зимскиот преоден рок, Агим Ибраими го постигна својот деби гол во црвено-црниот дрес.
На пријателскиот натпревар против австриски Сент Полтен, кој заврши без победник 2-2, Ибраими постигна евро-гол во 2. минута со шут од околу 20 метри за водство на тетовци од 1-0.
Шкендија во 4. минута зголеми и на 2-0 со погодокот на Нафиу, но Австријците уште пред полувремето со головите на Љубичиќ во 7. минута и Бајрами во 20. минута стигнаа до конечни 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

