Одлична атмосфера пред почетокот на натпреварот меѓу Вардар и Шкендија во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига.
За првпат и пред почеток на првенствен дуел во македонскиот шампионат интонирана и македонската химна, испратена со одлична сценографија од „Комитите“ и преполната единствена трибина на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Пред почетокот на дуелот, навивачите на Вардар се загреваа и со звуците на „Заветна“ во изведба на Бојана Скендеровски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА