ВИДЕО Работнички одбројува до враќањето во својот дом

Кошаркарскиот клуб Работнички наскоро ќе се врати „дома“. Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски објави видео во кое обелодени дека салата многу скоро ќе биде готова.

Герасимовски на „Фејсбук“ објави видео во кое се гледа дека работите се пред крај. Инаку, градоначалникот претходно објави дека големото дерби против МЗТ ќе се игра во новата сала, но не стигна да биде отворена, па затоа тој меч се одигра во СРЦ „Кале“.

„Паркетот е готов, кошевите и семафорите се поставени. „Работнички“ е подготвен – одбројуваме до отворањето“, напиша Герасимовски на „Фејсбук“.

Се вчитува...