Три брзи погодоци во првите десет минути на четирите денешни натпревари од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Работнички уште во 6. минута поведе против Шкендија на „Тодор Проески“. Одлична акција на Крсте Велкоски до Максимов кој во контранапад одлично погоди за водство од 1-0.
Два брзи гола и на Градскиот стадион во Штип на дуелот меѓу Брегалница и Силекс. Најпрво гостите од Кратово поведоа уште во 5. минута со голот на Дамјан Масевски, но Брегалница израмни веќе во 8. минута со голот на Ѓорѓи Ѓорѓиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

