Шкендија има водство од 1-0 по првото полувреме во Тетово против Работнички во реванш пресметката од осминафиналето во Купот на Македонија.
Тетовци на овој начин дополнително си го трасираат патот кон четвртфиналето, откако првиот натпревар во Скопје заврши со 1-1… Стрелец на единствениот гол во првото полувреме беше Марјан Радески, на асистенција на Бесарт Ибраими, уште во 4. минута од средбата…
Академија Пандев, пак, ја анулираше предноста Силекс од првиот натпревар. „Академците“ водат во Струмица по првото полувреме со 1-0.
Речиси сигурни патници во следната рунда се и Победа, Ренова и Скопје откако на полувремето водат против Брегалница во Прилеп, односно на гостувањата против Струга Трим Лум и Еуромилк ГЛ со 1-0.
Стрелец на голот за Ренова на гостувањето против Струга Трим Лум е Фатон Јусуфи во 8. минута од натпреварот.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ (реванш дуели, 14:30 ч.)Струга Трим Лум – Ренова (2-3)Шкендија – Работнички (1-1)Победа – Брегалница (3-2)Борец – Пелистер (2-4)Еуромилк ГЛ – Скопје (0-3)Академија Пандев – Силекс (0-1)ВЧЕРАТЕТЕКС – Кожуф 3-2 (2-2)
-
Во заградата се резултатите од првите средби
ВАРДАР – ШКУПИ (8. и 29. ноември)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА