Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос, го доби 30-от црвен картон во професионалната кариера. Легендата на Реал Мадрид и шпанската репрезентација заработи исклучување на натпреварот од 12. коло од мексиканското првенство меѓу УНАМ Пумас и неговиот Монтереј.
Монтереј победи со 3-1, но Рамос, капитенот на тимот, ја оцрни таа победа со неспортски чин во 91. минута. Тој намерно го шутна противничкиот напаѓач Гиљермо Мартинез во задникот по еден дуел. Иако не го удри со голема сила, судиите го забележаа неговиот потег и доби директен црвен картон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА