Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер повторно, и на втор едноподруго натпревар, стрелаше за швајцарски Тун, овој пат во победата од 4-2 против Цирих.
Тун имаше негатива од 0-2 по првото полувреме, но потоа дојде до комплетен пресврт.
А, пресвртот го најави македонскиот репрезентативец со голот во 53. минута за 1-2. Потоа до крајот домашните успеаја да постигнат уште три погодоци за триумф од 4-2.
За Елмин Растодер ова беше четврти гол сезонава во дресот на Тун.
- Голот на Растодер може да го погледнете на временскиот исечок – 02:10…
По оваа победа Тун дополнително се зацврсти на лидерската позиција во Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

