Екипата на Реал Мадрид објави видео во кое се потсети на натпреварот од УЕФА Супер-Купот кој се играше во Скопје во 2017 година. На Националната Арена во нашиот главен град, тогашниот европски првак Реал Мадрид, го совлада Манчестер Јунајтед како освојувач на Лигата на Европа, и се закити со петтиот пехар во Супер-Купот.
„Кралевите“ ги потсети своите навивачи како беше во Скопје пред седум години, а се потсетуваат и македонските навивачи кои беа на трибините на нашиот најголем стадион. Воедно, тоа беше најголем натпревар организиран од УЕФА кој се одигра на македонско тло.
💫 ¡Nuestra 4⃣ª Supercopa de Europa!
🆚 @ManUtd
🔙 08/08/2017#RealFootball | #OTD pic.twitter.com/6f6dGzFmzd— Real Madrid C.F. (@realmadrid) August 8, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА