Младинската репрезентација на Македонија има водство од 0-2 на гостувањето против Казахстан, во еден од клучните натпревари за освојување на второто место од квалификациите за младинското ЕВРО 2021.
Избраниците на селекторот Милевски доминираат од самиот почеток, успевајќи да поведат благодарение на извонредниот удар на Дарко Чурлинов. Младиот ас на Штутгарт извонредно се ослободи од двајца противнички фудбалери, пред да испрати силен удар од 25 метри со кој го матираше домашниот голман во 38. минута.
Веднаш потоа Македонија го постигна и вториот погодок, Атанасов беше стрелец откако фудбалерот на Хајдук промаши пенал, но натрча на одбиената топка и ја смести во мрежата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА